ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: сончево со локална облачност

Денеска во земјава се очекува сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност. Претпладне вдолж Повардарието ќе има значителна ниска облачност, која попладне ќе се намали. Ќе дува умерен, а особено вдолж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Дневната температура ќе биде од 18 до 24 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 19 степени.