ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Привремен престој за 131 авганистански граѓанин вработен во Обединетите Нации

Синоќа на Меѓународниот аеродром Скопје, пристигна група од 131 граѓанин на Авганистан, соопштија од Владата. Како што се наведува во соопштението, се работи за вработени на Обединетите Нации за кои земјава обезбедува привремен престој до нивното заминување во трета држава.

Advertisements

Земјава со ова продолжува да помага во меѓународната хуманитарна операција за помош на цивили кои се под опасност од новата талибанска власт. По слетувањето беше спроведена стандардната процедура- безбедносна проверка и заштита и ПЦР тест. Ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од Обединетите Нации. Во земјава во моментов престојува 531 граѓанин на Авганистан за кои институциите им ја обезбедуваат и пружаат потребната поддршка и помош. Од Северна Македонија до сега заминаа 84 граѓани на кои траен престој им обезбедија Франција, Грција, Ирска, Португалија и Бразил, пишува во соопштението од Владата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button