ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Маричиќ ги кажа приоритетите на коалициските партнери во власта

Консултациите и состаноците и со коалициските партнери и на ниво на СДСМ се во тек, рече министерот за правда, Бојан Маричиќ.

Advertisements

„Денеска има серија на средби, очекуваме наредната недела веќе да излеземе со конкретен план затоа што е тоа важно и за граѓаните и за државата“, рече Маричиќ.

Во врска со најавите дека следната недела СДСМ планира да излезе со мандатар, но оти коалицискиот партнер ДУИ смета дека треба најпрво да се избере лидер на СДСМ, а потоа да се оди со мандатар и дали ова значи некакво нарушување во коалициските врски со партијата на Али Ахмти, Маричиќ потенцира дека приоритет е да се зачува парламентарното мнозинство и оти тоа е волја на сите коалициски партнери.

– Нас ни е приоритет да се зачува парламентарното мнозинство бидејќи тоа е и волја на сите коалициони партнери и секако, да ја најдеме најдобрата формула како да продолжи да функционира Владата во овој момент, бидејќи има расположение, има одлука да се продолжи, а да нема избори во овој момент, рече Марчиќ

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button