Димитров кажа дали во Стразбур има пресуди против нас за дискриминација на Бугари

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска го повтори ставот дека бугарското вето за нашиот почеток на преговори со Европската Унија, всушност не е само блокада кон нас, туку и кон ЕУ.
– Таа блокада сакале или не, е и блокада на македонско-бугарското пријателство, тоа ќе доведе до речиси неповратно оддалечување, изјави денеска Димитров во гостувањето на „Утрински брифинг“ во врска со очекувањата дека ќе има промена на ставот на Софија до декември, но и можноста Албанија да истапи сама на патот кон ЕУ.
Вицепремиерот за европски прашања смета оти тешко дека до декември ќе се направи нешто. Тој вели дека позитивна интерпретација е дека Бугарија постепено би се повлекла од некои барања, а негативната е кога не обвинуваат за дискриминација, а тоа, како што посочува, не е така.
– Немаме поплаки, нема пресуди во Стразбур против Македонија за дискриминација на Бугари. Тие не можат да нѐ разберат за историјата, вели Димитров.