СВЕТ
Белоруската полиција се закани со употреба на боева муниција против демонстрантите

Полицијата во Белорусија ќе употреби боева муниција „ако е потребно“ за да ги растера протестите против Александар Лукашенко, соопшти Министерството за внатрешни работи. Припадниците на безбедносните сили „нема да ги напуштат улиците и ќе користат, доколку е потребно, специјална опрема и борбено оружје“, се вели во соопштението. Властите велат дека протестите станале „крајно радикални“.