ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Денеска истекува ултиматумот на Мицкоски до Заев

Опозицијата најдоцна до 14:30 часот денеска ќе чека премиерот Зоран Заев најавената оставка да ја достави до Собранието. Доколку тоа не се случи, како што најавија, во Собранието ќе биде поднесена иницијативата за гласање недоверба на Владата.

Advertisements

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера повтори дека е обезбедено мнозинство кое ќе изгласа недоверба на Владата, доколку премиерот Заев не ја поднесе оставката. Истовремено, тој ги повика и останатите пратеници, покрај оние 61 кои, како што напомена, се веќе дел од мнозинството, да им се придружат.

-Отворена е вратата за секој што мисли дека оваа Влада на Заев не е добра. Секој што ја поддржува оваа Влада, нормално дека нема да биде дел од пратениците кои ќе гласаат недоверба. Тука не постои политичка партија, туку се работи за пратеници. Вкупно 61 застанаа зад иницијативата. Ги повикувам и останатите да се придружат, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button