Мицевски до Реџепи: Изберете кои сакате 19 пратеници од ВМРО за нова иницијатива

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски денеска преку пост на својот фејсбук-профил побара неговиот колега пратеникот Скендер Реџепи да не се откажува од договорот за ново парламентарно мнозинство за рушење на Владата.
Колега Скендер Реџепи да го сочуваме достоинството на пратениците и затоа Ве повикувам заедно да ставиме крај на газењето на пратениците од страна на хибридниот режим и согласно член 92 од Уставот, изберете 19 пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кои заедно со вас ќе поднесат нова иницијатива до Собранието за гласање на недоверба на владата на хибридниот режим СДСМ-ДУИ, пишува Мицевски.
-Да нема изговори зошто се потпишал овој или оној бидејќи ова е гласање против хибридниот режим на СДСМ-ДУИ. Се надевам дека ќе застанете заедно со мнозинството на пратеници и ќе го сочуваме достоинството на пратеникот и угледот на македонското Собрание, пичува Мицевски на фејсбук.