МАКЕДОНИЈА
Бежовска за стабилноста на денарот…

Денарот со години е стабилен и нема причина да не биде стабилен, вели во вечерашното гостување во емисијата Економски Магазин на Алсат, гувернерката на НБРМ, Анета Ангеловска Бежовска. Како што додаде таа, нивото на девизни резерви во моментов е двојно поголеми од оние со коишто државата располагаше за време на глобалната криза во 2008-2009 година.
„Девизните резерви коишто се клучниот фактор од којшто зависи стабилноста на денарот во однос на еврото се одржуваат на историски највисоко ниво…2008-2009, кога се соочивме со глобалната финансиска криза, нивото на девизни резерви беше од прилика половина од тоа што ние денеска го имаме. Тоа покажува дека капацитетот на државата за справување со какви било шокови е огромен“, вели Бежовска.