МАКЕДОНИЈА
Оштетен автомобил на паркинг, Јанчева ја обвини ВМРО-ДМНЕ: Се вратија методите на режимот

Претседателка на Советот на Град Скопје и претседателка на ОО СДСМ Аеродром, Љубица Јанчева информира дека синоќа на паркингот пред зградата во која живее, оштетен е нејзиниот автомобил. Таа посочи дека случајот го пријавила во полиција и очекува брзо откривање на сторителите.
– Со враќањето на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром, се вратија и режимските методи. Доцна синоќа, на паркингот пред зградата во која живеам, оштетен е мојот автомобил. Случајот е пријавен во полиција и очекувам брзо откривање на сторителите на овој подмолен напад врз мене и мојот имот. Ова почитувани, е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, партија која не е поместена од режимската матрица на насилство, закани и притисоци. Нема таму никаква промена, ова се истите методи од најцрното време на режимот.
Но ова истовремено го покажува очајот, немоќта и фрустрациите на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски, рече Јанчева.