ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Зголемувањето на инфлацијата „стопи“ илјадарка од просечната плата

Истите работи кои во истиов период лани чинеле определен износ, сега чинат илјада денари повеќе, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Advertisements

Сепак, според ДЗС и просечната плата е зголемена за околу илјада денари. Народната банка очекува инфлацијата годинава да биде 3,1 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците за живот во октомври годинава се повисоки за 4,1 отсто, споредено со истиот месец лани. Храната поскапела за 4,6, а транспортот за 18 насто.

Според податоците на ДЗС, во август годинава просечната плата пораснала за 4 отсто, односно за 1.100 денари, па таа достигнала 28.642 денари.

Народната банка на Македонија вчера ја коригира инфлацијата за годинава на 3,1 отсто, за разлика од проекцијата за април кога се предвидуваше да биде 2,2 отсто.

Економскиот раст за годинава се проценува на 3,9 отсто, со што економијата ќе го достигне нивото пред пандемијата, следната година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button