МАКЕДОНИЈА
Апасиев кусо за Алсат: …има време за формирање ново мнозинство

Денеска во 11 часот почнува седницата за гласање на предлогот за недоверба на Владата. Непосредно пред почетокот, покрај останатите пратеници пристигна лидерот на „Левица“, Димитар Апасиев, кој синоќа во последните минути се повлече од договорот со ВМРО-ДПМНЕ, АА, Алтернатива и Движењето Беса.
Апасиев, кусо за Алсат изјави дека денеска Владата ќе падне.
„Денеска владата ќе падне, а има време за формирање на ново мнозинство“, изјави Апасиев за Алсат и веднаш влезе во Собранието.