МАКЕДОНИЈА

Реџепи: Во моментов битката за уривање на оваа Влада ја водиме како опозиција

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи денеска во изјава пред Собранието рече дека останува на истата позиција, односно дека „оваа Влада треба да оди во опозиција“.

Advertisements

– Дојдовме тука да гласаме за пад на оваа Влада и нашиот став останува дека власта треба да оди во опозиција, рече Реџепи.

На прашањето дали би биле дел од некоја влада предводена од СДСМ, пратеникот на Алтернатива изјави дека тие во моментов се опозиција и оти битката ја водат како опозиција.

– Ако во иднина би имале некоја понуда, тоа ќе биде разгледано во партиските органи. Сега наша цел е да ја урнеме оваа власт до 24 часот, изјави Реџепи.

Во врска со последната одлука на Кастриот Реџепи, пратеник од Беса, кој објави дека решил да не учествува на денешната седница на Собранието на која треба да се гласа по Иницијативата за недоверба на Владата на премиерот Зоран Заев, Скендер Реџепи рече дека последната комуникација со него му била пред три-четири години кога се раздвоиле од Беса.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button