ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Реџепи: Ќе објаснам откако ќе поминат заканите

„Почитувани граѓани, најнапред ви благодарам за поддршката. Безбедноста и стабилноста на земјата, мирот и благосостојбата на нашиот народ, дефинитивно треба да бидат најважни за сите. Претседателот Билал Касами и другите не треба да се грижат за мене. Јас сум на безбедно место и сум на вистинската страна, јас сум со Албанците и со сите граѓани на државата, кои сакаат мир, слобода и демократија. Јас сум со ЕУ, НАТО, а не со антиалбанските кругови. Ова ви го кажувам со полна совест и штом поминат некои опасности од заканите од некои поединци, ќе излезам пред медиумите и се ќе објаснам. Секогаш ќе се залагам за слободата на изразување, на слободното мислење во одлучувањето, што се доблести на едно демократско општество. Господ да ги благослови Албанците, Македонците и сите што живеат во Република Северна Македонија“.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button