ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Касами кажа кога ќе ги коментира последните политички случувања

Претседателот на Движењето Беса, Билал Касами денеска пред медиумите одби да ги коментира последните политички случувања.
Се правдаше дека бил среде работно време како градоначалник на Тетово и сѐ што има да коментира, ќе кажел по завршување на работниот распоред.
Тој беше прашан и за оставките на министрите кои се дел од неговата партија, но не одговори ниту на тоа прашање.
„Не коментирам сега кога сум во својство на градоначалник, ќе дадам коментар по завршување на работното време“, рече тој.