ЕКОНОМИЈА

Државата нема да купува 900.000 тони јаглен за РЕК Битола

Државата нема да купува дополнителни 900.000 тони јаглен за РЕК Битола, туку помалку. Оваа количина ќе биде намалена, затоа што третиот блок од Комбинатот ќе работи два месеци помалку. Причина за тоа се потребните поправки од дефектите кои се случија изминатите денови.

Advertisements

Третиот блок беше предвидено да работи пет месеци. Поради сите овие новонастанати состојби, ЕСМ го пролонгира и рокот до кога требаше да одлучи која од фирмите кои се пријавија на меѓународниот тендер, ќе ја добие работата да донесе јаглен. Инаку, крајниот рок за одлуката беше најавен за денеска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button