
Граѓаните заболени од дијабетес бараат од институциите терапијата да им ја обезбедува навреме и континуирано. Димче Велев, од Сојуз на здружение на дијабетичари, денеска изјави дека подобра можност за пациентите кои боледуваат од дијабетес и за самите здравствени установи ќе биде отворениот пазар.
Министерот за здравство Венко Филипче вели дека се спроведува постапка за набавка на сензори за мерење на нивото на шеќер во крвта. Според него, оваа постапка треба да заврши за околу две недели.
Сојузот на здруженија на дијабетичари на Форумот по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на дијабетесот, 14 ноември, ги презентираа барањата за уште подобри услови за пациентите. Во С. Македонија над 40.000 пациенти примаат инсулин и се дел од најризичните групи на кои им се заканува корона вирусот.
Еви Шкопи