ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Изборот на директори е одложен, Манчевски наместо генерален секретар се повлекува од политика

Иако беше најавено дека во средината на октомври  ќе се соопштат новите директори, тоа не се случи. На денешната владина седница воопшто не станало збор за новите директори, а отпадна и предлогот за нов генерален секретар.  Дамјан Манчевски кој се очекуваше да го замени Рашковски денеска соопшти дека целосно се повлекува од политиката.  Тој  преку Фејсбук објави дека прифатил понуда за ангажман во приватен сектор кој не бил спојлив со било каков политички ангажман. Манчевски се повлекол и од сите функции во СДСМ. На 22 – ри септември тој даде и оставка во Собранието и се повлече од пратеничката функција. Според информации на Алсат именувањето на новите директори е одложено за наредната недела.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button