ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Со новиот закон за работни односи, се скратува времетраењето на договорите на определено време

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска изјави дека очекува од пратениците што побрзо да го донесат законското решение со кое се овозможува недела да биде неработен ден бидејќи, како што рече, тој е во интерес на сите граѓани.

Advertisements

Шахпаска во интервјуто на „Утрински брифинг“ на прашањето околу подготовката на новиот Закон за работни односи посочи дека ова законско решение е подготвено и дека наскоро ќе биде отворена и широка јавна расправа. Како значајна новина која го носи ова законско решение, таа го посочи скратувањето на времетраењето на Договорите на определено време, кои во моментов се со времетраење до пет години. Барање на работниците кое  со години наназад го очекуваат.

– Со договорите на определено време, ќе се гарантира поголема сигурност и пристап до права за работниците, а за работодавачите овие договори генерираат задоволни работници. Во подготовката на новиот закон за работни односи, учествуваа сите чинители во општеството,  претставници на работниците, работодавачите, Меѓународната организација на трудот, експерти од областа на трудот. Во социјалниот дијалог нема победници и поразени, туку целта е да се постигне компромис  меѓу сите засегнати страни, рече Шахпаска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button