ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Чернева: Нема време за нова влада до декември, за С Македонија се ќе зависи од Радев

Одличниот познавач на релациите Софија-Скопје, Весела Чернева, која е дел и од Европски совет за надворешни односи, за ,,360 степени” анализира дека исходот од парламентарните избори во Бугарија дава надеж дека во Софија наскоро ќе се формира политичка влада под раководство на „Продолжуваме со промените“ – ново движење со реформска агенда. Но, Чернева вели дека таа потенцијална нова влада ќе се формира најрано кон крајот на декември, по состаноците на Совет на ЕУ. Можноста за пробив во бугарско-македонското прашање, што би довело до тргање на блокадата во ЕУ до крајот на годинава, Чернева ја гледа во претседателот Радев, кој е на прагот на реизбор.

Advertisements

„…за да има нова влада во Бугарија ќе бидат потребни од месец до месец и половина, што би значело дека едвај на крајот на декември би имало таква влада. Оттука, не треба да се размислува за каква и да е иницијатива во надворешната политика на новата влада порано од првото тримесечие на следната година…Времето е многу кусо и тоа треба да им биде јасно на двете страни. Ако гледаме календарски, ќе видиме дека најрано кога би имале конституиран парламент во Бугарија би било на 24 или 25 ноември, а последниот датум за внесување нови точки на дневниот ред на декемврискиот Совет на ЕУ е околу 7-8 декември. Тоа значи дека би имале „прозорец“ од две седмици за да има некаква промена во актуелната ситуација. Пак ќе кажам – тоа би зависело, од бугарска страна, од претседателот Радев“, анализира Чернева.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button