Телеком Србија почна со работа на македонскиот телекомуникациски пазар

МТЕЛ, членка на Телеком Србија од денска почна со работа на македонскиот телекомуникациски пазар, со понуда за сателитска телевизија. Од раководството најавија дека од следната година ќе има проширување во делот на мобилната телефонија. Првиот продажен салон е отворен во Скопје. Компанијата веќе обезбедува услуги за повеќе од 11 милиони претплатници во регионот и во Европа.
„Нашата деловна одлука да го прошириме нашиот бизнис во Северна Македонија, од наша гледна точка е потполно правилна и ќе донесе нова конкурентност, нови услуги. По првиот сервис со којшто ќе стартуваме – сателитска телевизија, од следната година планираме да се прошириме и во сегментот на мобилната телефонија“, изјави Владимир Лукиќ–Генералниот директор на Телеком Србија.