ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Стотици лица се ангажирани со договор на дело во општина Тетово, а никогаш не отишле на работа

Vjollca Aliti

Advertisements

Најмалку 350 вработени со договор на дело во општина Тетово кои со години земале плата без да одат на работа, ќе треба да ги вратат парите во општинскиот буџет. Вака предупреди новиот градоначалник на Тетово Билал Касами при откривањето на планот за првите 100 дена од неговата работа. Тој рече дека на овие лица им се раскинати договорите, а ќе се испита дали нивниот број е поголем од 350 лица.

 „Одлуката е да ги раскинеме сите договори за да побараме извештај за реализација на работите врз основа на договори и за ова ќе имаме посебна прес-конференција на која ќе бидете информирани колку биле овие договори, колку е оштетен општинскиот буџет и за тие средства Законски ќе бараме враќање на парите од сите оние кои без право ги зеле средствата на нашите граѓани“.

Касами рече дека и покрај законските прекршувања на поранешните општински раководители, ќе бидат завршени сите инфраструктурни работи кои се веќе започнати. Градоначалникот на Тетово најави целосно отстранување на столбовите за велосипедски патеки, други инфраструктурни мерки и решение за кучињата скитници.

 „Прекршувањата се на законот бидејќи според прелиминарните информации кои чекаме да ги потврдиме, се работи и за прекршување на законските рокови од Изборниот законик, што значи неотпочнување на работите во законскиот рок, но има и прекршување на тендерска постапка. Велосипедската патека има судска одлука, тужба против поранешниот градоначалник, должни сме како општина да ја почитуваме судската одлука за отстранување на тие сигнални објекти“.

 Касами нагласи дека прелиминарните податоци покажуваат дека долгот на општина Тетово е над 20 милиони евра, но се очекува оваа бројка да биде многу поголема. За во четврток е закажана првата седница на Советот на општина Тетово со новиот состав.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button