Касами ги демантира гласините дека кој било друг пратеник од неговата партија би можел да одлучи да остане дел од парламентарното мнозинство

Fatlume Dervishi
Лидерот на Движењето Беса Билал Касами ги демантира гласините дека кој било друг пратеник од неговата партија би можел да одлучи да остане дел од парламентарното мнозинство. Според него, партиските органи одлучиле и Беса е дел од опозицијата. Овие ставови Касами ги соопшти во емисијата „200“ во Алсат.
„Пратениците на Движењето Беса со својата слободна волја се на оваа позиција, значи дел од опозиција согласно одлуките што ги носи Движењето Беса и додека не дојде до ситуација што ќе се случи, имам целосна доверба во двајцата пратеници на Движењето Беса, како што имав целосна доверба во сите тројца претходно.“
Прашање: Нема да се случи 61-виот пратеник да биде од Движењето Беса?
„Апсолутно сум сигурен дека нема да се случи 61да биде на Движењето Беса.
Алсат контактираше со двајцата пратеници. Бастри Бајрами вели дека е во согласност со одлуките на неговата партија.
„Потврдувам дека го делам истото мислење со партиските органи и постапувам согласно ставовите на Движењето Беса.
Истото го потврди и пратеникот Фадил Зендели. Тој во телефонски разговор рече дека ќе ја почитува одлуката на партијата да настапува како пратеник од опозицијата.
Беса од опозиција сега ќе се обиде да ја постигне својата цел а тоа е уривање на Владата. Партијата на Касами не е за предвремени парламентарни избори.
„Она што продолжува да биде став на Движењето Беса е падот на Владата. Од моментот кога ќе падне владата, проценуваме дека ќе се создаде една сосема нова ситуација, сосема поинакво мнозинство, многу постабилно од она што е дискутабилно и оценувам дека на земјата и е потребна политичка влада која ќе ја забрза интеграцијата кон ЕУ. ”
Касами не ја исклучува можноста за идна соработка ниту со СДСМ, ниту со ВМРО-ДПМНЕ, но вели дека тоа треба да биде врз основа на договор да се работи на напредокот на земјата кон ЕУ. Категорично ја исклучува можноста да биде дел од влада каде што би била и ДУИ.