ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Правдата во земјава функционира со двојни аршини, обвинуваат од Алијансата за Албанците

Алијансата за Албанците го обвинува министерот за правда Бојан Маричиќ дека правдата за едни граѓани е како мајка, а за други  маќеа. Алијанса обвинувањата ги темели на реакцијата на министерот Маричиќ за ниската казна за сторителот на несреќата во Охрид во која починаа две момчиња, но и за молкот за смртта на младиот гостиварец во несреќата во која учествуваше Зоран Кичеец.

Advertisements

„Тука сме пред  Министерството за правда да го прашаме министерот дали животот на младиот гостиварец нема вредност за него и зошто не реагирал за тој случај. Значи, граѓани на Република Северна Македонија, вредноста на вашиот живот е нула за обичните граѓани, а за луѓето како Зоран Кичеец тие се заштитени за вакви дела од судството, но и од Владата“.

На последните судски одлуки реагираше и Антикорупциската комисија. Билјана Ивановска вели дека за тешките кривични дела се доделуваат лесни казни од судовите. Бара од повисоките судски органи да постапат по овие два случаи.

Министерот за правда Бојан Маричиќ најави дека во моментов се работи во Кривичниот законик да се воведе кривичното дело „Безобѕирно управување со моторно возило“. Со ова ново кривично дело, сообраќајните прекршоци кои ќе имаат смртни последици може да се казнуваат со затвор до 4 години.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button