ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Власта нема легитимитет, брзи избори веднаш

Заев владее без мнозинство, власта нема легитимитет, брзи избори веднаш, побараа денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisements

Во партиското соопштение се додава:

Заев нема политичко мнозинство во Собранието. Неговата влада е дивоградба.

Народот на 31-ви октомври јасно се одлучи за промени. Волјата на народот не е претставена во собранието и затоа треба да има предвремени парламентарни избори.

СДСМ изгуби со над 100.000 гласови. Заев го има најлошиот  резултат кој СДСМ некогаш го имале. Тоа е најголемиот пораз на таа партија.

Заев и СДСМ со него се делегитимирани.

Заев треба да си замине час поскоро“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button