ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА
Милионски суми за субвенции на невладини организации, каде ќе завршат парите, прашува претставничката на ВМРО-ДПМНЕ во „Економски Магазин“

Судбината на повеќе од 170 милиони евра предвидени како капитални расходи во буџетот за 2022 година е енигма за опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Прашањето го отвори претставничката од оваа партија, Гордана Кочовска, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат.
Како што вели таа, парите се предвидени за претпријатија и невладини организации.
„Загрижува е фактот што во 2022 година имаме 28 проценти од капиталните расходни инвестиции како сакате планирани за капитални субвенции за претпријатија и невладини организации или 173 милиони евра или на историски највисоко ниво. Сега се отвара прашањето каде ќе одат 173 милиони евра“, вели Кочовска.