ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Буџет; 7,5 милиони евра за нови автомобили и мебел

Државните институции следната година ќе имаат на располагање 5,4 милиони евра за купување на автомобили, и 1,8 милиони евра за мебел.  Според предлог буџетот за разлика од овогодинешниот буџет ставката за купување на возила е зголемана за 3,3 милиони евра. За следната годнина нема намалување ниту на ставките за договорни услуги каде се планира трошење на 116 милиони евра и 327 милиони евра за стоки и услуги. Следната година од буџетот за Министерство за правда ќе се поделат 3,5 милиони евра за политичките партии.

Advertisements

Предлог буџет за 2022:

Купување на возила          5,4 милиони евра
Мебел                                 1,8 милион евра
Договорни услуги             116 милиони евра
Стоки и услуги                  327 милиони евра
Политички партии            3,5 милиони евра

Во денешната емисијата на Економски магазин, Гордана Кочоска од ВМРО- ДПМНЕ регираше на одвојувањето пари за невладини организации и субвенции за јавни претпријатија дури 28 проценти од вкупните 615 милиони евра одвоени за капитални инвестиции.

„Загрижува е фактот што во 2022 година имаме 28 проценти од капиталните расходи инвестиции како сакате планирани за капитални субвенции за претпријатија и невладини организации или 173 милиони евра или на историски највисоко ниво. Сега се отвара прашањето каде ќе одат 173 милиони евра“, вели Гордана Димитриеска Кочоска- ВМРО- ДПМНЕ.

Министерот за финансии Фатмир Бесими одговори дека овие пари се наменски поделени, дел од претпријатијата ќе добијат субвенции за покривање на загуби а дел за реализација на суштински проекти.

„Постојат две позиции кои што се наракуваат субвенции. Бидејќи се нарекуваат капитални, тие се субвенции кои се трансформираат во капитални на јавните претпријатија што потоа се прави докапитализација како што се железничка инфраструктура, и железници транспорт бидејќи работат со загуба и неекономски правила“, рече Бесими.

Следната година според планот за капитални инвестиции покрај министерството за животна средина, најголемо зголемување на капитални инвестиции за речиси 300 насто има министерството  за надворешни работи. Оттаму велат  дека следната година ќе започне акција за реконструкција и адаптација на дипломатски  и конзуларни преставништа во Цирих, Атина, Будимпешта, Бразилија, Канебра и Анкара.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button