ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Бектеши: ЕСМ не го прекрши законот за енергетика

Министерот за економија Крешник Бектеши се обиде да го оправда ЕСМ, која не достави понуда за електрична енергија на универзалниот снабдувач. Иако во Законот за енергетика јасно стои дека тоа е обврска на најголемиот произведувач на електрична енергија во Македонија, сепак министерот на свој начин реши да го толкува законот.

Advertisements

Закон за енергетика член 237 (4):

Производителот на електрична енергија со најголем инсталиран капацитет во Република Македонија е должен на универзалниот снабдувач, да му понуди на продажба електрична енергија.

„Во Законот не пишува дека во првиот повик треба да има понуда, во Законот пишува дека најголемиот производител треба да понуди на универзалниот снабдувач, а за тоа може да има и втор и трет повик“, рече министерот Бектеши.

Информациите до кои дојде вчера Алсат дека државната ЕСМ не може се уште да ја формира цената која ќе ја побара од ЕВН Хоум за електричната енергија за домаќинставата ја потврди денеска и Бектеши. Проблемите со минималното домашно производство и набавката на скапа струја од странство дополнително ја комплицираат состојбата пред одлуката на владата, за колку ќе треба да се зголемат сметките за електрична енергија. Министерот најави дека ќе се бара одговорност за одговорните лица во енергетските компании во случај ако тие не работеле согласно првично утврдениот план.

„Одредени раководства на подружниците на ЕСМ нема да ги исполнат плановите за производство до крајот на годината, а секако и за наредната година вклучувајќи го тука и РЕК Битола, од нивна страна ќе се бара одговорност“, вели министерот Бектеши.

Од ЕСМ втор ден молк, не откриваат која е причината што не испратија понуда за електрична енергија на тендерот за универзалниот снабдувач. Понудата на ЕСМ на тендерот на ЕВН Хоум е главниот критериум за формирање на цената за домаќинствата и малите фирми. Во моментов струјата чини 36 евра за мегават час, а на светските берзи цената надминува и 250 евра за мегават час.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button