ВЕСТИЗДРАВСТВО

Поради слабиот интерес за вакцинирање, сѐ повеќе вакцини завршуваат во отпад

Досега се уништени околу 20.000 вакцини против Ковид поради истекот на рокот, бидејќи немало доволно интерес за вакцинација. Уште 25 илјади вакцини Astra & Zeneca се пред истекување , а според динамиката на заинтересираните до крајот на месецот се чини дека ќе одат на отпад. Министерот Филипче вели дека оваа ситуација не е поради неспособноста на здравствените власти, туку граѓаните не биле зинтерсирани да ја примат вакцината на време.

Advertisements

Од Агенцијата за лекови, велат дека досега од нив никој не побарал да се поништат вакцини со поминат рок. Директорот Лирим Шабани, посочува дека единствено барање што го добиле од Министерството за здравство, се однесува за вакцини кои не биле правилно чувани, или за време на транспорт или биле одмрзнати а не биле аплицирани.

„Вакцините се од различни производители, во зависност од сериските броеви . До нас е стигнато барање од производителот Фајзер за уништување на 3237 вакцини и од производителот Синофарм, со одредена серија од 1.000 вакцини. Правилата за тоа како треба да се уништат вакцините треба строго да се почитуваат, а граѓаните треба да бидат уверени дека Малмед нема да дозволи вакцини кои не се чувале соодветно или за кои проеизводителот побарал да бидат унишетни, да  бидат аплицирани“, рече Лирим Шабани, директор на Агенцијата за лекови “Малмед”.

Во моментов има над 250 илјади дози вакцини резерва од производителот Фајзер и Бионтек, кои имаат рок до јануари/февруари 2022 година. Но,  интересот на граѓаните за имунизација и натаму останува низок.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button