ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Дебар гласале лица кои биле во странство на денот на изборите, тврдат од опозицијата

Коалицијата Алијанса за Албанците- Алтернатива смета дека нивните приговори до ДИК за изборите во Дебар може да го променат изборниот резултат. Халил Снопче за Алсат објаснува дел од нерегуларностите што ги констатирале при прегледот на изборниот материјал, од сомнежи за мешање во изборниот материјал до гласање на лица кои на денот на изборите биле во странство.

Advertisements

„Во пет избирачки места во Дебар било констатирано дека се доставени гласачките материјали, со што се нарушува аспектот на веродостојноста на тие материјали, односно доставени биле без безбедносни ленти без „пломби“. Ова не гарантира кредибилитет и предизвикува сомнеж дека тие материјали можеле да бидат манипулирани и злоупотребени. Во друго избирачко место во Дебар било констатирано дека гласале три лица, тие се на списокот дека гласале но истите на денот на гласањето воопшто не биле во Дебар. Констатирано е дека се надвор од Дебар, во странство. Овој феномен теоретски би можело да се случи и во други места“, рече Халил Снопче, пратеник на Алијанса за Албанците.

Снопче вели дека поплаките се и врз основа на интервенција и подобрувања во записникот а не биле утврдени причините за интервенцијата. Во два случаи, според нив, гласачите гласале пред советот, а не зад параванот, што исто така е прекршување. Опозицијата смета дека има доволно факти.

„Овие случаи, пет приговори се аргументирани за десет избирачки места и сметаме дека има доволно аргументи за да бидат прифатени. Имавме многу други забелешки и поплаки за кои не најдовме основа и аргументи“, додава Снопче.

Државната изборна комисија сѐ уште го нема закажано рочиштето на кое ќе се разгледуваат овие приговори. Оваа институција има 72 часа да одговори за приговорите. Во Дебар во вториот круг победи кандидатот на ДУИ Хекуран Дука со 138 гласа повеќе од кандидатот на опозицијата, Беким Поцеста. Процедурата во оваа општина траеше подолго отколку во другите општини бидејќи две недели по првиот круг имаше прегласување на избирачко место како резултат на приговорите на опозицијата.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button