ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Мицкоски се надева дека во декември ЕУ ќе ја вразуми Бугарија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изрази оптимизам дека европските лидери на Самитот во декември „ќе ја вразумат Бугарија“ и ќе ги промовираат вистинските европски вредности.
„Знам дека сите земји членки на ЕУ овој пат ќе ја вразумат соседна Бугарија и ќе промовираат вистински европски вредности врз основа на кои е создадена таа Унија, односно вредностите на обединета и подеднакво развиена Европа“, рече Мицкоски.