ДИК решава по приговорите на Алијанса и Алтернатива за вториот круг од локалните избори во Дебар

Ile Petreski
ДИК решава по приговорите на Алијанса и Алтернатива за вториот круг од локалните избори во Дебар. Спорни според оваа коалиција се пет изборни места, однoсно 0551, 0552, 0554, 0535,0544. Според информациите приговорот е поради транспорт на материјалите без безбедносни ленти. Членот на комисијата Кренар Лога се сомнева дека во самиот изборен процес имало доста нерегуларности.
„Тоа по пат, незаштитен материјал, од не знам кое место да патува без да е со безбедносна лента за мене е, ова го кажувам лично, остварува сомнителни околности. “
Но според дел од членовите на ДИК ova не е доволна причина за повторување на гласањето во овие места. Според нив направен e ненамерен пропуст.
„Ако нешто не било во ред претпоставувам ќе имало ОИК на овие околности за сомнежи за промени за материјалот или за злоупотреби, при самото примопредавање и потпишување на записникот“
Освен за овие приговори ДИК заседаваше и за останати три кои ги одби, а тие се однесуваа за наводно јавно гласање кое се случувало надвор од параванот наменет за остварување на гласачкото право.