ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Казни за 384 возачи за брзо возење низ цела држава

Во текот на вчерашниот ден во рамки на спроведената зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 384 возачи.
Од нив 37 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Од МВР денеска информираа дека 173 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 211 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.