
Во Бугарија денеска се одржува вториот круг од претседателските избори. На 14 ноември, на првиот круг од изборите, најмногу гласови доби актуелниот претседател Румен Радев, кој сега е независен кандидат поддржан од БСП, „Продолжуваме со промената” на двајцата поранешни привремени министри Кирил Петков и Асен Василев и партијата на ТВ водителот Слави Трифонов „Има таков народ”, а на второ место е независниот кандидат поддржан од ГЕРБ-СДС, ректор на Универзитетот во Бугарија, проф. Анастас Герџиков.
Право на глас во Бугарија имаат 6.700.000 граѓани, кои ќе можат да го направат својот избор во речиси 13.000 избирачки места.
Првичните резултати се очекува да бидат објавени по 20 часот, а Централната изборна комисија на Бугарија во рок од 48 часа треба да ги објави конечните резултати од претседателските избори.