ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пожар изгоре до темел четири бараки во Гостивар, осум семејства останаа без домови

Во пожар што избувна рано утрово на улицата „Илинденска“ во Гостивар, целосно изгореа четири бараки. Во огнената стихија нема настрадани.

Advertisements

Според првичните информации на жителите и очевидци, огнот се појавил утрово околу 5 часот и брзо се раширил. Од огнот настрадаа домовите на осум семејства од кои најголемиот дел се социјални случаи. Непознати се причините за настанување на пожарот, а семејствата бараат сместување, бидејќи како што рекоа, во огнот им изгореле покуќнината и сиот имот.

Заради староста на објектите и запалливиот материјал, интервенцијата на пожарникарите не била ефикасна, иако огнот бил брзо локализиран.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button