
Вистински одлив се случува на транспортери од земјава во западно европските држави. Високите плати кои ги даваат на возачите транспортните компании од Европската Унија се доволна причина, да заминат од Макeдонија и да работат во странство. Од здружението на транспортери Макам -транс за Алсат велат дека просечно во земјва возачите заработуваат од 800 до 1200 евра месечна плата. Но, во Германија сумата надминува и 2500 евра.
„Има големи разлики, ние сме регион каде што има многу застој на границите и поминувањето. И по тоа должината на превозите влијаe на обезбедување на средства кои што би биле и за трговското друштво и за зголемување на платите за возачите. А, кога работат во рамките на земјите членки на ЕУ, таму нема граници, нема застој, што значи нон стоп работат и вредноста им е по едно евро за километар“, рече Билјана Муратовска, претседателка на „Макам Транс“.
Муратовска вели дека на оваа и на претходната влада од „Макам Транс“ испратиле барање за враќање на смерот возач во средните стручни и технички училишта. Недостаток од возачи има и во патничкиот сообраќај на луѓе. Но и управувачи на тешки машини, како кранови дигалки и останати машини кои претежно се користат во рударскиот и градежниот сектор.
„Да се воведе и субвенција за претквалификување или доквалификување на одредени невработени лица, поттикнување на младите од руралните области, каде би се овозможило да се стекнат со возачка дозвола за Ц, Д, Е категорија“, додава Муратовска.
Алсат побара информација од МВР, дали е забележан посериозен тренд на издавање на возачки дозволи на камиони и други товарни возила. Бидејќи е викенд, од МВР велат дека тие податоци не моѓат да ги обезбедат поради тоа што тој статистичкиот сектор не работи за викенди. Според податоците кои ги имаат транспортерите, на глобално ниво од 2015 до 2025 година над два милиони професионални возачи треба да одат во пензија. Токму, од 2015, Муратовска вели дека поразвиените држави започнуваат да ги собираат условно речено транспортерите од сиот Балкан, кој е инаку познат по работната сила кои се малку платени.
Иле Петревски