МАКЕДОНИЈА
АЛСАТ: Изминатово деноноќие 445 нови случаи, 9 починати

Бројот на нови регистрирани случаи со корона вирус во последните 24 часа, неофицијално дознава Алсат, изнесува 445 од 2.080 извршени тестови. Бројот на починати е 9 лица, додека во изминатово деноноќие како излекувани се водат 194 пациенти. До овој момент Министерството за здравство сè уште официјално го нема објавено редовниот дневен извештај.