МАКЕДОНИЈА
Санкционирани 628 граѓани за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие полицијата санкционирала 628 граѓани поради неносење заштитна маска.
Казната за ваков прекршок изнесува 20 евра.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.