МАКЕДОНИЈА

Уште 13 основни училишта добија дозвола за делумно следење на наставата со физичко присуство

Уште 13 основни училишта добија дозвола за делумно следење на наставата со физичко присуство, додека 25 други беа одбиени. Владата на последната седница разгледа вкупно 39 барања поднесени од основните училишта на 5 и 6 октомври. Меѓу училиштата на кои делумно им беше дозволено да изведуваат настава со физичко присуство се и подрачните училишта во селото Чифлик и Света Петка, општина Сопиште, каде што неколку дена наставата ја бојкотираа учениците и наставниците. Иако овие училишта побараа да се дозволи настава за физичко присуство до деветто одделение, Владата одобри дозвола само за четврто и петто одделение. Исто така, Комисијата делумно даде дозвола и за едно основно музичко училиште, за реализација на практичниот дел од наставата.

Advertisements

Министерката за образование, Мила Царовска рече дека се зголемува бројот на ученици вклучени во онлајн учењето. Според неа, 87% од учениците немаат проблем да посетуваат онлајн настава. Во врска со проблемите во училиштата што ги објави Алсат, Царовска рече дека тоа е резултат на лошото управување на директорите.

И покрај позитивните изјави на министерката Царовска, учениците и наставниците се соочуваат со многу проблеми при спроведувањето на онлајн-учењето. Од анкетите спроведени од Алсат, наставниците се жалат на недостиг на услови за работа, додека учениците велат дека не се спроведуваат сите часови за настава предвидени со училишниот распоред.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button