ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Димитар Ковачевски денеска официјално ќе ја поднесе кандидатурата за лидер на СДСМ

„Денес официјално ја поднесувам кандидатурата за претседател на СДСМ во седиштето на партијата“, соопшти Ковачевски најавувајќи изјава за медиумите пред главниот влез на партиското седиште во 12:30 часот.
Освен Ковачевски засега нема друга пријава за претседателското столче во владејачката партија.
Димитар Ковачевски моментално ја извршува функцијата заменик-министер за финансии, а член е и на Извршниот одбор на СДСМ.