Ременски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ

Поранешната потпретседателка на СДСМ, Фросина Ременски поднесе кандидатура за претседател на партијата.
По поднесување на кандидатурата Ременски во изјава за новинарите пред седиштето на СДСМ рече преку личен пример сака да покаже дека жените можат и знаат. Таа вели дека очекува поддршка од колешките во партијата и од сите челнови, кои како што вели, го знаат нејзиниот карактер и конзистентност во ставовите.
„Очекувам овој период СДСМ да го искористи за вистинско обединување на членството, за консолидација на партиските редови, за намалување на разликите меѓу одредени структури во рамките на партијата, затоа што многу е важно каква визија ќе промовираме. Мојата визија за СДСМ во следните пет години е победник во сите процеси пред коишто се исправен“, изјави Ременски.
Денеска официјализирање на својата кандидатура за првото столче во СДСМ најави и заменик министерот за финансии, Димитар Ковачевски.