„Македонија 2025“: За дигитализирани услуги потребна е и информатичка писменост на корисниците

Само 12% од компаниите во земјава имаат вработено лице специјалист по информатичка технологија, вели во своето интервју за емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, директорката на невладината организација „Македонија 2025“, Никица Мојсоска Блажевски. Како што нагласи таа, за успешно спроведување на дигитализацијата во земјава потребно е да се има поширока слика околу тоа колкава е писменоста на корисниците на таквите услуги, но и каква е подготвеноста на институциите.
„Од една страна треба да се развива системот кај Владата, во смисла да се нуди услугите да се завршуваат електронски, но од друга страна дали компаниите и колку се спремни тие самите да нудат дигитални услуги, како и граѓаните, колку се дигитално писмени за да ги користат дигиталните услуги што ги нуди владата. Тоа е еден круг во којшто сите треба да имаат одредено ниво и на дигитални вештини и на ниво на дигитализација на услугите“, вели Мојсоска.