ЕКОНОМИЈА

Телеком воведува тарифи со неограничен мобилен интернет

За прв пат на пазарот на мобилната технологија Телеком воведува тарифи со неограничен мобилен интернет, Магента еден анлимитит. Од телекомуникациската компанија Телеком велат дека со цел граѓаните да имаат убави новогодишни празници на корисниците им обезбедуваат промотивен пакет кој овозможува користење на неограничен интернет кој може да се активира преку Телеком апликацијата за само еден денар, и кој ќе може да се користи цел декември и јануари.

Advertisements

Пакетот Магента го користат повеќе од 100 илјади семејства. Мобилниот интернет сообраќај во мрежата на Телеком е двојно зголемен во споредба со 2019 година.

„За многу кратко време мобилниот интернет ќе биде достапен и на 5Г мрежата на Телеком која во овој момент забрзано се гради. Ние сме веќе подготвени да нудиме 5Г услуги со гигабитни брзини и ќе го направиме истото веднаш по добивањето на одобрението за радиофрекфенции од АЕК, што очекуваме да се случи во првото тромесечие од наредната година“, рече Бранко Станчев, главен комерцијален директор за приватни корисници на Македонски Телеком.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button