ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Мицкоски: Пред Алтернатива има две можности, еве кои се…

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој пред неколку недели доби поддршка од Алтернатива за уривање на актуелната власт, вели дека денеска партиските структури на Гаши се пред два предизвика. Првиот е да се биде дел од најкорумпираната, најкриминалната и најнеспособната Влада во овие 30 години, а вториот е да се остане во опозиција и да дојде до брзи парламентарни избори. Според него, парламентарните избори се неизбежни, а ВМРО-ДПМНЕ останува фокусирано на нивно што поскоро одржување. Тој најави структурни промени на партискиот конгрес што ќе се одржи на 12 декември.