Грипот и настинките ги преполовија одделенијата и класовите

Melihate Rustemi
Сезонскиот грип и обичните настинки во овој период од годината го зголемија бројот на ученици кои отсуствуваат од наставата во основното и средното образование. Наставниците велат дека за секој изостанок на учениците, родителите однапред ги известувале за да се спречи ширење на евентуален вирус.
„Секојдневната комуникација со родителите ни овозможува повеќе да избегнуваме присуство на болни деца. Како и да е има деца кои може да бидат засегнати, има деца кои се послаби со имунитетот, но ако тоа дете веднаш се отстрани, тогаш сите други можат да продолжат да учат без прекин. Родителите се веројатно посвесни затоа што се грижат и за своите деца, но и ним ни помагаат да продолжиме со процесот.“
Самите учениците се против одење на училиште кога не се чувствуваат добро.
Кога јас би била болна не би требало да доаѓам на училиште бидејќи другите деца може да се разболат. Неколку дена не бев на училиште бидејќи бев болна. Лошо е ако губиш часови.
Подобро да останеме дома и да закрепнеме, да се ослободиме од болеста за да дојдеме на училиште.
Бев болна, имав кашлица, стомачни болки и болки во грлото. Отидов на лекар, останав дома неколку дена, не дојдов за да не ги разболам другите.
Но, покрај здравјето на учениците, наставниците се загрижена и за изгубените часови.
„Со најмалку пет часа дневно, сега зборувам за трето одделение. За една недела има најмалку 20 наставни часа што ќе се изгубат, па тоа е многу. Но, имам родители кои се заинтересирани, ми ги бараат задачите кои сме ги работеле за да не пропуштат многу од наставата. Да ги компензираат најважните работи бидејќи едно е да се учи во училница, а друго е дома.“
Лекарите појаснуваат дека кивањето, болки во грлото, течење на носот и слични симптоми се вообичаени за овој период од годината. Во најгилем број случаи се работи за настинки и инфекции на горните дишни патишта. Најмногу страдаат малите деца.