ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Зградата на општина Бутел – поликлиника… ветено, па заборавено?

Evi Shkopi

Advertisements

Актуелниот градоначалник на Бутел, Дарко Костовски, во предизборната кампања вети дека во првиот месец од мандатот ќе ја напушти зградата на општина Бутел за граѓаните да може да ја користат како поликлиника. Помина речиси еден месец откако дојде на оваа позиција, но како што забележавме, никој од вработените не почнал да се пакува за да го ослободи овој објект, за тој да може да се користи како поликлиника. Последниве две недели се обидувавме да контактираме со градоначалникот на Бутел, но безуспешно, дури не се јавува ниту на телефон. Да се потсетиме уште еднаш на неговото ветување.

Од Министерството за здравство за Алсат велат дека се размислува за поставување на монтажни здравствени објекти во некои општини во Скопје.

„Во тек е прегледот на поставеноста на овие објекти монтирани во повеќе општини во Скопје. По завршувањето на сите анализи, изведбата ќе продолжи. Носител на договорот е ЕМС ДОО Скопје. Целиот проект за 10 амбуланти чини 178.900.000 денари.“

Парцелата каде што се монтираните објектите, за кои се зборуваше дека ќе бидат поликлиника, се наоѓа веднаш до општина Бутел. Првично беше планирано таму да се изгради објект, но подоцна здравствените власти проценија дека за модуларна поликлиника ќе биде потребно помалку време за изградба, помалку пари и ќе има подобра енергетска ефикасност.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button