ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Габриел Ескобар денеска доаѓа во Скопје

Заменик помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар денеска доаѓа во Македонија на средби со претседателот Стево Пендаровски и други функционери, соопшти Американската амбасада во Скопје.
„За време на посетата, Ескобар ќе се сретне со претседателот Пендаровски и со други клучни функционери да разговараат за повеќе теми и за заедничките приоритети за регионот, наведуваат од Амбасадата на САД во објавата на фејсбук.
Се очекува на средбите во Скопје да стане збор за актуелните политички случувања во земјава и во регионот, како и за евроинтеграцијата и бугарската блокадата на Северна Македонија.