ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Османи: Верувам дека поддршката од САД е разбрана од сите

Ние сме благодарни за јасната поддршка од САД и убедени сме дека таа порака е добро примена и разбрана од сите, рече министерот за надворешни работи, Бујар Османи на заедничката прес конференција со Заменик помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.
„Сега е моментот ЕУ да започне преговори со Северна Македонија. Тоа ќе биде голема потврда за нас, да останеме посветени на демократските реформи и да ја забрзаме нашата европска интеграција“, рече Османи.