ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Во недела Сојузот на синдикати излегува на протести!

Синдикалците во недела излегуваат на протест бидејќи во рок од триесет дена кој го  дадоа на властите не беше исполнето ниту едно нивно барање. Тие бараат да се изгалса Законот за недела неработен ден, да се зголеми минималната плата на 18 илјади денари, а да има скалесто зголемување и на останатите плати. Доколку не се исполнат овие барања, ке повикаат на генерален штрајк на вработените во јавниот и приватниот сектор, бидејќи зголемувањето на цените веќе влијае врз стандардот на граѓаните.

Advertisements

„Моментално се наоѓаме во регоналната канцеларија во Прилеп на ССМ и веќе се прават штрајкувачки одбори доколку овие барање не ни се исполнат. Значи сега во недела излегуваме на генерален протест кои значи искажување на нашето незадоволство  вон работно време, додека генерален штајк би значело искажување на незадоволството за време на работата со прекинување на работниот процес. Ќе ги повикаме сите работници од приватниот и јавниот сектор да прекинат со нивниот процес на работа“, рече Дарко Димовски- Претседател на Сојуз на синдикати.

Синдикатот бара и измени во законот за пензионирање поради како што велат нееднаквост помеѓу работниците. Пензионирање по дејности бидејќи според нив не во ред адмистративниот службеник и градежниот работник да одат во пензија истовреме, и да постои можност за  предвремено пензионирање на работници на 60 години. Синдикалците во недела протестот ќе го започнат пред зградата на ССМ, по што ќе се упатат до Собранието и до седиштето на Стопанската комора. Барањата ќе ги достават во законодавниот дом, до организацијата на работодавачи и комората.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button