ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ескобар: Местото на Северна Македонија е во ЕУ, преговорите треба да започнат што е можно поскоро

Соединетите Американски Држави силно ја поддржуваат интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија, изјави заменик-помошник државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Габриел Ескобар по средбите во Скопје со претседателот Стево Пендаровски и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Advertisements

„Сакам уште еднаш да ја изразам силната поддршка на нашата администрација за европската интеграција на Северна Македонија, работиме со нашите европски партнери тоа да се случи што е можно поскоро. Мислам дека сите мислиме дека Северна Македонија е дел од Европа, и културно и историски, но и како растечка економија. Вие треба да го имате вашето место на масата. Во овој контекст, ќе продолжиме да ги поддржуваме вашите напори во процесот на интеграција, во продолжувањето на реформите, со цел интеграцијата да стане реалност“, рече Ескобар.

Американскиот дипломат, исто така, ја истакна важноста и помошта што Северна Македонија може да ја даде во соочувањето со предизвиците кои може да се појават не само на Балканот, туку и во цела Европа.

„Разговаравме и за раководството на Северна Македонија во Обсе и НАТО, да ни помогне да ги решиме прашањата што ја предизвикуваат Алијансата и во Балканот, но и во цела Европа, и бараме начини како да се продлабочи оваа соработка, која е веќе импресивна“, додаде Ескобар.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека САД се стратешки партнер на Северна Македонија, близок сојузник во НАТО и силен поддржувач откако Северна Македонија прогласи независност.

Зборувајќи за очекувањата на земјава за почеток на преговорите за европско членство во декември, Османи рече дека Самитот на ЕУ ќе се одржи на 14 декември, но, според него, не значи дека декември е последната шанса во декември Скопје да ги започне преговорите.

„И по 14 декември, било кој ден до крајот на годината, Словенија како претседавач со ЕУ може да свика вонреден состанок на европските министри, доколку добие информација од Бугарија дека се подготвени да ја прифатат преговарачката рамка со Северна Македонија. Значи, цел месец декември е можност да започнеме преговори за членство. Но, тоа може да се случи и подоцна“, рече Османи.

Претходно, Габриел Ескобар беше примен од претседателот Стево Пендаровски. Пендаровски ги потврди очекувањата за брз почеток на преговорите за членство во ЕУ, нагласувајќи дека деблокирањето на интегративниот процес позитивно ќе се одрази на стабилноста и севкупниот развој на регионот“, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот Пендаровски.

Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button