ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ можеби ќе загуби уште едно министерство

Adrian Kerimi

Advertisements

Откако Алтернатива го презеде Министерството за информатичко општество и администрација, ДУИ како надомест ќе го добие Министерството за земјоделство. Вицепремиерот Артан Груби вели дека е сè уште рано да се каже дали ќе има и други ресорски промени. Не се знае ни за компензацијата за МЕПСО со некое директорско место на централно ниво.

„Се откажавме од Министерството за информатичко општество и администрација, но го зедовме Министерството за земјоделство кое е многу големо и многу важно за нас бидејќи проектите што ги предвидовме со нашата изборна програма ги има во земјоделството. Тие до денес беа блокирани, а отсега ќе може да ги спроведува кадар на ДУИ.“

Неофицијално се говори дека ДУИ може да се откаже и од финансии, а тема внатре во партијата се и МНР и Министерството за политички систем. Од друга страна, Владата сè уште нема конкретна одлука за новите министерства што треба да ги формира, односно кои треба да ги врати во функција по нивното укинување минатата година. Она што засега е познато е дека министерството без ресор за дијаспората ќе ѝ припадне на Алтернатива. За нивно формирање потребни се измени во Законот за Влада, кој е систематски закон и за негово менување потребни се гласовите од две третини од пратениците. Алсат од извори во Владата дознава дека поради тоа нема да се бараат законски измени, туку со формална внатрешна одлука ќе именува министер без ресор, а потоа ќе се задолжи со одредени обврски.

Влада:

„Кога ќе се потврдат сите детали за кадровските решенија на проширената Влада, јавноста ќе биде навреме информирана за понатамошните дејства.“

Со договорот Заев-Гаши СДСМ го загуби Министерството за здравство. Со исклучок на ресорите кои можеби ќе им припаднат на помалите партии од коалицијата на СДСМ, владиниот кабинет е поделен на следниов начин:

Позициите на СДСМ може дополнително да ослабат ако помалите партии во предизборната коалиција почнат да бараат уште функции за нив. Неофицијално дознаваме дека СДСМ на некоја од помалите партии може да ѝ го даде Министерството за образование.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button